Институт за медицина на трудот

Превенција и контрола на инфекција поврзана со здравствената заштита на лица суспектни на Ковид-19 (nCoV) инфекција

0 231

25 Јануари 2020,
Светска здравствена организација

Принципите на стратегиите за превенција и контрола на инфекција поврзана со
здравствената заштита на лица суспектни на nCoV инфекција
За постигнување на највисоко ниво на ефикасност во одговорот на појава на 2019-nCoV
инфекцијата- Ковид-19, користењето на стратегиите и практиките од овој документ како
Програма за превенција и контрола на инфекција (IPC programme) со посветен и трениран тим
или барем едно одговорно лице на програмата, треба да биде поставено и поддржано од
раководниот тим на национално ниво или на ниво на здравствената установа.
За успешна реализација на оваа Програма мора да бидат обезбедени минимум услови
што е можно побрзо, на двата нивоа (национално и на установата), со можност за растечки
прогрес до полно исполнување на сите барања на Програмата, согласно локални планови на
приоритети.
Програмата за превенција и контрола на инфекција (IPC programme) за спречување или
ограничување на трансмисијата (пренос) на инфекцијата во здравствените установи го
вклучува следното:

  1. Обезбедување на тријажа, рано препознавање и контрола на изворот (изолација на
    пациенти со суспектна nCoV инфекција)
  2. Примена на стандардите за претпазливост за сите пациенти
  3. Примена на дополнителни мерки на претпазливост (за инфекција со воздушно капков
    пат или контакт) за суспектни случаи на nCoV инфекција
  4. Примена на административни мерки
  5. Користење на мерки на инженерска контрола и контрола на средината
  6. Обезбедување на тријажа, рано препознавање и контрола на изворот
    Клиничката тријажа вклучува систем за проценка на сите пациенти при прием, што
    овозможува рано препознавање на можна инфекција од 2019-nCoV и непосредна изолација на
    пациенти со сомнителна инфекција со nCoV во област одделна од другите пациенти (контрола
    на изворот).
    За да се олесни раната идентификација на случаи со сомнителна инфекција nCoV,
    здравствените установи треба:
    • Да ги охрабрат здравствените работници да имаат високо ниво на клиничко
    препознавање;
    • Да се воспостави добро опремена тријажна единица на влезот од здравствената
    установа, поддржана од обучен персонал;

2

• Употреба на прашалници за скрининг;
• Објавување знаци на јавни места потсетувајќи ги симптоматските пациенти да ги
предупредат здравствените работници.
Промоцијата на хигиена на рацете и хигиена при кивање, кашлање и сл. се основни
превентивни мерки.

  1. Примена на стандардни мерки на претпазливост за сите пациенти
    Стандардни мерки на претпазливост вклучуваат хигиена на рацете и хигиена при
    кивање, кашлање и сл., употреба на соодветна лични заштитни средства според проценката на
    ризик, практики за безбедност при вбризгување на лекови, безбедно управување со отпад,
    соодветни постелнини, чистење на животната средина и стерилизација на опремата која се
    употребува за грижа на пациентот.
    Осигурете се дека се користат следниве мерки за хигиенапри кивање, кашлање и сл.:
    • Осигурете се дека сите пациенти ги покриваат носот и устата со ткиво или лактот при
    кашлање и кивање;
    • Понудете медицинска маска на пациенти со сомнителна инфекција 2019-nCoV додека
    тие се во чекална/јавни места или во јавни простории;
    • Хигиена на рацете по контакт со секрети.

Здравствените работници треба да го применат пристапот на СЗО „Моите 5
моменти за хигиена на рацете“ пред да се допре пациентот, пред да се изврши некоја
асептичка постапка, по изложеност на телесна течност, после допирање со пациент и
после допирање на околината на пациентот.
• Хигиената на рацете вклучува чистење на рацете со средство на база на алкохол,
триење на рацете или миење на рацете сапун и вода;
• Се препорачуватриење на раце со средство на база на алкохол ако рацете не се видливо
извалкани;
• Измијте ги рацете со сапун и вода кога тие се видно извалкани.
Рационалното, правилното и постојаното користење на личните заштитни средства исто
така помага да се намали ширењето на патогени. Употребата на ефективноста на личните
заштитни средства во голема мерка зависи од соодветни материјали, соодветна обука на
персоналот, соодветна хигиена на рацете и конкретно соодветно однесувањена луѓето. Важно
е да се осигурате дека постапките за чистење и дезинфекција на околината се следат доследно
и правилно. Темелно чистење на површините од околината со вода и детергент, примена на
најчесто користени болнички средства за дезинфекција (како натриум хипохлорит)се ефикасни
и доволни процедури.

3

  1. Имплементација на актуелни и дополнителни мерки на претпазливост
    3.1 Мерки на претпазливост при контакт и при изложеност на капки
    • покрај употребата на вообичаените мерки на претпазливост, сите лица, меѓу кои
    и членовите на семејството, посетителите и здравствените работници, треба да
    употребуваат мерки на претпазливост при контакт и при изложеностна капки
    пред да влезат во просторијата каде што се примаатсомнителни или потврдени
    пациенти со nCoV;
    • пациентите треба да бидат сместени во соодветно проветрени одделни
    простории. За просториитево општите одделенија со природна вентилација, се
    смета дека соодветната вентилација е 60 л/спо пациент;
    • кога нема достапни одделни простории, пациентите за коишто постои
    сомневање дека се заразени со nCoV треба да бидат групирани заедно.
    • сите легла за пациентите треба да бидат поставени на растојание од најмалку 1
    м, без оглед на тоа дали тие се сомнителни дека имаат инфекција со nCov или не;
    • кога е можно, тим одздравствени работницитреба да биде назначен да се грижи
    исклучиво за сомнителните или потврдените случаи за да се намали ризикот од
    пренесување;
    • здравствените работницитреба да употребуваат медицинска маска;
    • здравствените работницитреба да носат заштита за очите (очила) или заштита за
    лицето (штит за лице) за да се избегне контаминација на мукозните мембрани;
    • здравствените работницитреба да носат чиста, нестерилна наметка со долги
    ракави;
    • здравствените работници,исто така, треба да употребуваат ракавици;
    • нема потреба да се употребуваат чизми, прекривки и престилки за време на
    рутинската нега;
    • откако ќе се спроведе негата за пациентот, треба да се изврши соодветно вадење
    и отстранување на целата опрема за лична заштита и да се спроведе хигиена на
    рацете.Исто така, потребно е да се употреби нов комплет опрема за лична
    заштита, кога се спроведува нега кај друг пациент;
    • опремата треба да биде или за еднократна употреба или наменска (на пр.,
    стетоскопи, манжетни за крвен притисоки термометри). Ако опремата треба да
    се употребува кај повеќе пациенти, исчистете ја и дезинфицирајте ја помеѓу една
    и друга употреба кај секој одделен пациент (на пр., со употреба на етил алкохол
    70%)8
    • здравствените работници треба да се воздржат од допирање на очите, носот или
    устата со потенцијално загадени ракавици или со гола рака;
    • избегнувајте да ги движите и транспортирате пациентите надвор од нивната соба
    или одделение освен ако тоа не е медицински неопходно.
    • користете наменска пренослива опрема за Рендгени/или друга наменска
    дијагностичка опрема.
    • ако е потребно да се изврши транспорт, користете предодредени транспортни
    рути со цел да се минимизира изложеноста за вработените, другите пациенти и
    посетителите, а пациентот треба да користи медицинска маска;

4
• погрижете сездравствените работници кои го превезуваат пациентот да ја
одржуваат хигиената на рацете и да носат соодветнаопрема за лична заштита
како што е опишано во овој дел;
• известете го одделот што го прима пациентот за какви било неопходни мерки за
претпазливост што е можно порано пред пристигнувањето на пациентот;
• рутински чистете ги и дезинфицирајте ги површините со кои пациентот е во
контакт.
• ограничете го бројот на здравствените работници, членовите на семејството и
посетителите кои се во контакт со сомнителен и потврден пациент со nCov од
2019 година.
• водете евиденција за сите лица кои влегуваат во собата на пациентот, каде
спаѓаат целиот персонал и посетителите.

3.2 Мерки на претпазливост во однос на преносливоста преку воздух, а
при постапките за создавање аеросоли
Некои постапки за создавање аеросоли се поврзани со зголемен ризик од
пренесување на коронавирусите (SARS-CoV и MERS-CoV), а такви се трахеалната
интубација, неинвазивна вентилација, трахеотомија, кардиопулмонална реанимација,
рачна вентилација пред интубација и бронхоскопија.
Погрижете се здравствените работници коиштоги спроведуваат постапките за
создавање аеросол:
• да ги извршуваат процедурите во соодветно проветрена просторија –
односно, природна вентилација со протокот на воздух од најмалку 160 л/с по
пациент или во соби со негативен притисокот со најмалку 12 промени на
воздухот на час и контролирана насока на протокот на воздух кога
секористи механичка вентилација;
• да користат респиратор за честички со ниво на заштита барем колку она што е
сертифицирано како N95 од страна наАмериканскиот национален институт за
безбедност и здравје при работа (NlOSH), стандардот FFP2 на Европската
унија или еквивалентно. Кога здравствените работници ставаат респиратор за
честички за еднократна употреба, тие секогаш мора да извршат проверка на
заптивката. Имајте предвид дека ако лицето кај кое се употребува респираторот
имавлакна на лицето (т.е. брада), тоа може да го попречи
соодветнотопоставување на респираторот
• да користат заштита за очите (на пр., очила или штитник за лице);
• да облечат чиста, нестерилна наметка со долги ракави и ракавици. Ако
наметките не се отпорни на течности, здравствените работници треба да
користат водоотпорен престилка за постапките при коишто се очекува да има
високи количини на течност кои би можеле да навлезат во наметката;
• да го ограничат бројот на лицата присутни во собата онолку колку што е
најмалку потребно за негата и поддршката на пациентот.

5

  1. Спроведување на административни контроли
    Административните контроли и политики за превенција и контрола на преносот на
    2019-nCoV инфекцијата во рамките на здравствената заштита вклучува, но не може да биде
    ограничена на :воспоставување на одржливи основи и активности на Програмата за превенција
    и контрола на инфекцијата (IPC); едукација на згрижувачите на пациенти; развој на политики
    зарано препознавање на акутна респираторна инфекција потенцијалнопредизвикана од 2019-
    nCoV; обезбедување на пристап до брзо лабораториско тестирање за идентификација на
    етиолошкиот агенс; спречување на пренатрупаност, особено во одделот за итни
    случаи;обезбедување на наменски места за чекање на симптоматските пациенти;
    соодветно изолирање на хоспитализираните пациенти; обезбедување соодветна набавка на
    лична заштитна опрема; обезбедување на придржувањето кон IPC политиките и процедурите
    за сите аспекти на здравствената заштита.
    4.1. Административни мерки поврзани со здравствени работници
    • обезбедување на соодветна обука за здравствените работници;
    • обезбедување на соодветен однос пациент-персонал;
    • воспоставување на надзор за акутни респираторни инфекции потенцијално предизвикани од
    nCoV меѓу здравствените работници;
    • осигурување дека здравствените работници и јавноста ја разбираат важноста за веднаш да се
    побара медицинска помош;
    • следење на усогласеноста на здравствениот работник со стандардните мерки на
    претпазливост и обезбедување на механизми за подобрување ако е потребно.
  2. Примена на мерки на контрола на околината и инженерската контрола
    Овие контроли се однесуваат на основната инфраструктура на здравствената
    установа.Овие контроли имаат за цел да обезбедат соодветно ниво навентилација во сите
    области во здравствената установа, како исоодветно чистење на околината.
    Покрај тоа, просторно раздвојување од најмалку 1 метар треба да бидеодржувано помеѓу сите
    пациенти. И просторното раздвојување исоодветната вентилација можат да помогнат во
    намалување на ширењето на многу од патогените во обезбедувањето на здравствената
    заштита.
    Осигурете се дека постапките за чистење и дезинфекција се следатдоследно и
    правилно.Чистење на површините од околината со вода и детергент и со примена на најчесто
    користеното болничко средство за дезинфекција (како што е натриум хипохлорит) е ефективна
    и доволна процедура. Ракувајте со алиштата, приборот за храна и медицинскиот отпад во
    согласност со безбедносно-рутинските процедури.

6
Времетраењето на мерките на претпазливост при контакт и приизложеностна капки кај
пациенти со nCoV инфекција
Треба да се применуваат вообичаените мерки на претпазливост.Дополнителните мерки
на претпазливост при контакт и при изложеност на капки треба да продолжат се додека
пациентот не е асимптоматски.
Собирање и ракување со лабораториски примероциод пациенти со сомнителна 2019-
nCoV инфекција
Сите примероци собрани за лабораториски истражувања требада се сметаат за
потенцијално заразни. Здравствените работници кои собираат, ракуваат или транспортираат
клинички примероци треба да се придржуваат ригорозно кон следниве стандардни мерки на
претпазливост и практики за биосигурност за да се минимизира можноста за изложеност
напатогени.
• осигурете се дека здравствените работници кои собираат примероци користатсоодветна
лична заштитна опрема (т.е., заштита на очите, медицинска маска,наметка со долги ракави,
нараквици). Ако примерокот е собрансо постапка на генерирање аеросол, персоналот треба
даноси респиратор за честички барем онолку заштитувачки како NIOSH-сертифициран N-95,
ЕУ стандард FFP2, илиеквивалентно;
• осигурете се дека сите вработени кои превезуваат примероци, сеобучени за практики на
безбедно ракување;
• ставете примероци за транспорт во кеси отпорни на протекување (т.е. секундарни
контејнери) кои имаат посебен запечатувачки џеб за примерокот (т.е. пластична торба за
примерокот), со етикетата на пациентот на садот со примерокот (т.е. примарниот сад), и јасно
напишан формулар со барање за лабораторија;
• осигурете се дека лабораториите во здравствените установи се придржуваат кон соодветните
практики за биосигурност и барањата за транспорт, во зависност од видот на организмот со кој
се ракува;
• испорачајте ги сите примероци рачно кога е можно. ДАНЕ користете системи со пневматски
цевки за транспорт на примероците;
• јасно документирајте го целосното име на секој пациент, датумот на раѓањеи потенцијалната
сомнителност за Ковид-19 (nCoV) во лабораторискиот упат. Известете ја лабораторијата што е
можно поскоро примерокот да се транспортира.

7

Препорака за амбулантско згрижување
Основните принципи на Програмата за превенција и контрола на инфекција (IPC) и
стандардните мерки на претпазливост треба да се применуваат во сите здравствени установи,
вклучително и во амбулантите и ординациите на примарна здравствена заштита. За 2019-
nCoV инфекцијата, следните мерки треба да се усвојат:
• тријажа и рано препознавање;
• акцент на хигиената на рацете, хигиена при кивање, кашлање и др. имедицински маски што
треба да ги користат пациенти со респираторни симптоми;
• соодветна употреба на мерки на претпазливост за контакт за сите сомнителни случаи;
• приоритизација на грижата за симптоматски пациенти;
• кога треба да чекаат симптоматските пациенти, осигурете се тие да имаат посебен простор за
чекање;
• едуцирајте ги пациентите и семејствата за раното препознавање на симптомите, основните
мерки на претпазливост што треба да се користат и во која здравствена установа треба да
упатат.

Извор: https://www.who.int/publications-detail/infection-prevention-and-control-during-health-care-
when-novel-coronavirus-(ncov)-infection-is-suspected-20200125.

Leave A Reply

Your email address will not be published.