Институт за медицина на трудот

Совети за употреба на маски во заедницата, за време на домашно лекување и во здравствени установи во контекст на епидемија со новиот коронавирус Ковид-19 (2019- nCoV)

0 261

Вовед
Според досегашните достапни информации, се смета дека, човек-на-човек трансмисија
на корона вирус Ковид-19 (2019 novel coronavirus -2019-nCoV) е преку воздушно капков пат
или преку контакт. Секоја особа која е во близок контакт (околу 1 м) со лице кое има некој од
респираторните симптоми (на пр. кивање, кашлање и сл.) е со ризик да биде експониран на
потенцијална воздушно капкова инфекција.
Носењето на медицински маски е една од превентивните мерки за спречување на
ширење на одредени респираторни заболувања, вклучувајќи го 2019-nCoV вирус во
засегнатите подрачја. Како и да е, користење само на маска е недоволно да обезбеди адекватно
ниво на заштита и употреба и на други еднакво релевантни мерки треба да бидат
применети.Доколку се користат маските за заштита, тие треба да бидат комбинирани со
правилна хигиена на рацете како и со други мерки на превенција и контрола на инфекција
(IPC measures) за спречување на човек-на-човек трансмисија на 2019-nCoV.
СЗО подготви прирачник (водич) за стратешки мерки за превенција и контрола на
инфекција во услови на домашна нега и во здравствени установи, за употреба кога
инфекцијата со Ковид-19 (2019-nCoV)е суспектна.
Доколку носењето на маски не е индицирано, може да предизвика непотребни трошоци,
оптеретување во набавките како и и да создаде лажно чувство на сигурност, што може да
доведе до избегнување на спроведување други есенцијални мерки како што е практиката на
миење (хигиена) на рацете. Исто така несоодветно користење на маската, може да ја намали
нејзината ефикасност во намалување на ризикот од инфекција.

Здравствени установи
Лицата кои имаат респираторни симптоми треба:

  • да носат медицинска маска додека чекаат за тријажа во чекалните или за време на транспорт
    во рамките на здравствената установа;
  • да носат медицинска маска додека престојуваат во простории наменети за сомнителни или
    потврдени случаи;
  • да не носaт медицинска маска кога се изолирани во еднокреветни простории, туку да ги
    покријат устата и носот кога кашлаат или киваат со хартиено марамче за една употреба.
  • Да се фрли искористеното марамче соодветно и веднаш да се измијат рацете.
    Здравствените работници треба:
  • да носат медицинска маска кога влегуваат во просторија каде што се примени пациенти за
    кои постои сомневање или се потврдени случаи дека се заразени со 2019-nCoV и во која било
    ситуација на грижа за пациенти за кои постои сомневање или се потврдени случаи;
  • да користат респиратор за заштита од честички кој заштитува минимум како што е
    пропишано од страна на US National Institute for Occupational Safety and Health (NIOSH) –
    Националниот инситут за безбедност и здравје на работа на САД – сертифицирано N95,
    Стандардна Европска Унија (ЕУ) FFP2, или еквивалент, кога спроведуваат процедури при кои
    се ослободуваат аеросоли – како што се трахеална интубација, не-инвазивна вентилација,
    трахеотомија, кардиопулмонална ресуститација, мануелна вентилација пред интубација и
    бронхоскопија.
    Користење на маски
    Ако се носат медицински маски, неопходна е нивна соодветна употреба и нивно
    соодветно отстранување, за да бидеме сигурни дека се ефективни и да се избегне ризикот од
    трансмисија поврзана со неправилна употреба и неправилно отстранување на маските.
    Следниве информации за правилна употреба на медицинските маски произлегуваат од
    практиките во здравствените установи:
  • поставете ја маската внимателно за да ги покриете устата и носот и минимизирајте ги
    празнините помеѓу лицето и маската;
  • додека ја користите маската, избегнувајте да ја допирате истата;
  • извадете ја маската со употреба на соодветна техника (т.е. не допирајте го предниот
    дел, туку отстранете ги ластиците од позади);
  • после отстранувањето на користената маска или секогаш кога ненамерно ќе допрете
    користена маска, исчистете ги рацете со помош на средство базирано на алкохол или
    со сапун и вода ако видливо се извалкани
  • заменете ја маската со нова, чиста и сува маска, веднаш штом ќе стане користената
    маска влажна
  • не употребувајте повторно, маска наменета за еднократна употреба;
  • отстранете ги маските за еднократна употреба после секое нивно користење и
    исфрлете ги веднаш по отстранувањето;
  • маски од ткаенини (пр. памук или газа) не се препорачуваат под никакви околности.

Извор: https://www.who.int/publications-detail/advice-on-the-use-of-masks-in-the-community-
during-home-care-and-in-healthcare-settings-in-the-context-of-the-novel-coronavirus-(2019-ncov)-

outbreak.

Leave A Reply

Your email address will not be published.