Мое здравје, мое право
Светската здравствена организација, секоја година на 7 Април, ширум светот, го слави
Светскиот ден на здравјето, насочувајќи го вниманието на стручната заедница и на пошироката јавност, на одредена специфична здравствена тема која се однесува на луѓето во целиот свет.
Светскиот ден на здравјето 7.април, оваа година е посветен на фундаментално човеково право на здравје и се одбележува под мотото: „Мое здравје, мое право“.
Институтот за медицина на трудот на Република Северна Македонија, СЗО Колаборативен центар, се приклучува на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето 2024, пренесувајќи ја пораката на Светската здравствена организација во кревање глас за правото на човекот на здравје, истовремено потсетувајќи дека остварувањето на ова право оди заедно со одговорноста и обврска на секој поединец, но и цело општество за заедничка акција.
Светскиот ден на здравје, 7.април 2024
“Мое здравје, мое право’’

Во светот, правото на здравје на милиони луѓе е сè позагрозено.
Болестите и катастрофите се појавуваат се повеќе како причини за смрт и инвалидитет.
Конфликтите ги уништуваат животите, предизвикуваат смрт, болка, глад и психичка вознемиреност.
Согорувањето на фосилните горива истовремено ја поттикнува климатската криза и ни го одзема правото да дишеме чист воздух, при што загадувањето на воздухот во затворен простор и надвор одзема живот на секои 5 секунди.
Советот на СЗО за Економија на Здравјето за Сите утврди дека најмалку 140 земји го признаваат здравјето како човеково право во нивниот устав. Сепак, земјите не донесуваат и не спроведуваат закони за да обезбедат нивното население да има право на пристап до здравствени услуги. Ова го поткрепува фактот дека најмалку 4,5 милијарди луѓе – повеќе од половина од светското население – не биле целосно покриени со основните здравствени услуги во 2021 година.
За да се одговори на овие видови предизвици, темата за Светскиот ден на здравјето во 2024 година е „Моето здравје, мое право“.
Овогодинешната тема беше избрана за да се залага за правото на секој, секаде да има пристап до квалитетни здравствени услуги, образование и информации, како и безбедна вода за пиење, чист воздух, добра и здрава исхрана, квалитетно домување, пристојни работни и еколошки услови и слобода од дискриминација