Проценка на функционална способност– функционална дијагностика на кардиореспираторниот систем со спирометриско (пре-и постбронходилататорно) тестирање, изведување на неспецифиченбронхопровокативен тест со фармаколошки агенси и физички напор, сериска ПЕФ-метрија, ЕКГ, ергометрија, гасни анализи  во мирување и по напор, активности во рамките на спортска медицина. Детекција и верификација на  професионални болести.

Вршење на превентивни здравствени прегледи на вработените (претходни, систематски, периодични, насочени) според актуелната легислатива. Оценка на здравствената состојба и работна способност. Советување и давање на препораки за превентивн мерки на работното место. Вршење на евалуација на професионални болести и болести поврзани со работата и изготвување на експертизи за верификација на професионални болести, согласно законските прописи. Издавање на лекарски уверенија за оценка на општата здравствена способност за вработување, носење оружје, за работа или престој во странство, оценка на психофизичка способност за управување со моторни возила и др. Едукација на вработените за прва помош на работното место.

Оддел за лабораториски испитувања ги интегрира сите лабораториски единици:

Лабораторија за биохемија, Лабораторија за токсикологија, Лабораторија заимунологија и аеропалинологија во Институтот за медицина на трудот на РСМ.

Лабораториските анализи се спроведуваат со висок квалитет на добра   лабораториска пракса, усогласени со професионални стандарди и актуелна  регулатива, со запазено задолжително ниво на доверливост.

Oсновна активност (работни задачи): Изведување на хематолошки, биохемиски, токсиколошки и имунолошки анализи со современи лабораториски методи.

Kоординација на активности во научно-истражувачката дејност на Институтот, спроведување на проектни и програмски активности на национално и меѓународно ниво. Организирање, развој и реализација на  различни образовни форми за стручно образование и усовршување на здравствените работници, други форми на наставно-образовна дејност во областа на медицината на трудот преку активности на Катедрата за медицина на трудот, Медицински факултет, како и едукација на работници и работодавачи за прашањата од БЗР. Обезбедување стручно-методолошка помош во рамките на тимската работа во  Институтот при креирање на стратегии, правилници, програми во областа  на МТ и БЗР. Раководење со активностите на Колаборативниот центар на СЗО на Институтот и  реализирање на меѓународната соработка со СЗО, Мрежата за ЈИЕ за здравјето на работниците и др.