На огромно задоволство на сите нас кои работиме во превентивните гранки денес во Струга започнува Првиот интернационален конгрес на превентивна медицина и јавно здравје.
Превентивната медицина е област од медицината кој промовира практики на превентивна здравствена заштита за подобрување на благосостојбата на пациентите со крајна цел спречување и/или рано откривање на болести, инвалидитет и смрт.
Конгресот е организиран од страна на специјалистичките здруженија на лекарите специјалисти по: социјална медицина и организација на здравствената заштита, хигиена и здравствена екологија, микробиологија, епидемиологија и медицина на трудот.
Конгресот вклучуваат современи и актуелни теми од областа и тоа:
– ПРИСТАП – „ЕДНО ЗДРАВЈЕ“
– ХРОНИЧНИ НЕЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ – ПРЕДИЗВИК НА СОВРЕМЕНОТО ЖИВЕЕЊЕ
– Климатски промени и здравје
– Заразни заболувања и имунизација
Во следните 3 дена на Конгресот се очекува да бидат презентирани најнови податоци од превентивните дисциплини кои ќе бидат презентирани од признати и еминентни експерти од областа од нашата земја, регионот но и светот пошироко, распоредени во неколку орални и постер сесии.
Се очекува Конгресот да ги продлабочи врските со колегите од регионот и пошироко, како и да биде основа за понатамошна соработка и размена на информации со цел за подобрување и унапредување на здравјето и благосостојбата на населението.
Институтот за медицина ан трудот на РСМ – Скопје, заедно со Македонскот здружени за медицина на трудот ќе земе активно учество на Конгресот преку серија на усни и постер презентации од многу наши вработени со кои ќе дадеме значаен придонес, како и во изминатиот период, во насока на зачувување и унапредување на здравјето на работниците, како и безбедноста и здравјето на работа воопшто.