Институт за медицина на трудот

Институт

Институт за медицина на трудот на Р. С.Македонија

Институтот за медицина на трудот на Република Северна Македонија, Колаборативен центар на Светска здравствена организација и Gal2en центар на Глобална европска мрежа за алергии и астма, е врвна институција од областа на медицината на трудот, на национално ниво, која спроведува здравствени, методолошки, едукативни и научнo-истражувачки  активности во својата област. Институтот е задолжен за воспоставување на критериуми и методологија за работа, предлагање и реализација на превентивни и научноистражувачки програми, иницирање и креирање на стратешки документи, легислатива и стандарди во областа на здравјето на работниците.

Со единствен интегративен пристап, оваа мултидисциплинарна институција, низ активностите на спроведување на специфична здравствена заштита на работниците , има за цел-заштита и унапредување на здравјето на работниците, работната средина и безбедност на работа во нашата земја. Согласно актуелната лгислатива во доменот,Институтот спроведувависоко специјализирана здравствена дејност во областа на медицината на трујдот, како и специјалистичко-консултативни здртавствени услуги и соодветна дијагностичко-лабораториска дејност.

 Институт за медицина на труд на РСМ е координатор на националната Мрежа за медицина на трудот и задолжен за давање стручна и методолошка помош на сите здравствени установи кои вршат дејност медицина на труд (Закон за здравствена заштита- „Службен весник на РМ“ бр.164/13).Институтот со својата поставеност и функција обезбедува важна комуникација и дисеминација на информации меѓу различни таргет групи- креатори на политиките, организации на работници и работодавачи, експерти и јавноста.

Институтот има добро изградени експертски  капацитети  за спроведување на клиничка пракса и истражување во медицината на трудот ( белодробни заболувања и работно место, аеробиологија, професионална експозиција и алергиски заболувања, токсикологија, психосоцијални фактори на работа-стрес на работно место, здравјето на здравствените работници и др.),едукација, тренинг и специфични консултантски и советодавни услуги.Научно-истражувачката дејност се реализира и преку меѓународни проекти фокусирани на одделни специфични проблеми на здравјето на работниците  поддржани од Европска комисија (EU FP7 Program, COST–European cooperation in science and technology,Gal2en-Global Allergy and Asthma European Network ), Светска здравствена организација-WHO European Center for Environment and Health.

Како примери на добра пракса од националната здравствена политика во доменот на здравјето на работниците, Институтот за медицина на трудот на РМ, повеќе години наназад иницира проектни активности и јавно здравствени интервенции за нов пристап во обезбедување и зголемување на покриеноста на услугите од доменот на медицината на трудот за различни вулнерабилни групи работници ( земјоделци, здравствени работници, градежни работници и др, работници од неформалниот сектор и невработените лица.

Одделни програмски, превентивни активности во оваа насока, се поддржани од Министерството за здравство и се покриени од државниот буџет, обезбедувајќи ресурси за нивна имплементација во пракса.

Институтот како наставна база на Медицинскиот факултет при Универзитет Св.Кирил и Методиј, Скопје е седиште на Катедрата за медицината на трудот која е задолжена за спроведување на наставна дејност, односно едукација во областа на медицината на трудот на сите нивоа : додипломска настава за студентите на медицина, медицински сестри и медицински техничари, физиотерапевти, логопеди; постдипломски студии  II циклус од областа на јавно здравство, докторски студии  III циклус од областа на медицински науки и областа на јавно здравство и спроведување на програмата за специјализација по медицината на трудот како и  турнусите на специјализација по хигиена, социјална медицина, пулмологија и алергологија и имунологија, како и турнусите на субспецијализација по пулмологија и алергологија и клиничка токсикологија.

Својата висока професионална и научна вредност, Институтот ја промовира со публицирање оригинални научни трудови, монографии, научни и стручни публикации, но и преку организација на конференции, работилници, семинари и кампањи, во областа.

Со промоција и имплементација на СЗО целите на национално и меѓународно ниво, Институтот е извонредно активен во меѓународната соработка во рамките на СЗО Глобалната мрежа и Европската мрежа на колаборативни центри за медицина на трудот.

 Институт за медицина на трудот на РСМ е иницијатор, оснивач  и актуелен  лидер на СЗО Мрежата за здравје на работниците на Југоисточна Европа (ЈИЕ) –експертска група во областа на медицината на трудот, на претставници од 9 земји од ЈИЕ, чија работа е поддржана од СЗО Регионална Канцеларија за Европа.