Биографија
Азиз Максути е в.д. Директор на Институтot за медицина на трудот на РСМ. Роден е во Скопје, во 1985 година. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје во 2008 година. Во 2020 година се запишува на постдипломските студии на факултетот за социјални науки – отсек Европски студии при Универзитетот ,,Мајка Тереза“-Скопје, а во моментов ја подготвува својата магистерска теза.
Својата професионална кариера ја започнува веднаш по завршувањето на факултетот, првично во приватен сектор, а потоа и како член на Кабинетот на Градоначалникот на Општина Студеничани до 2010 година. Од 2010 до 2018 година, својот професионален ангажман го продолжува во Министерството за труд и социјална политика, како Советник за програмирање и мониторинг на ИПА Фондови. Како докажан професионалец во својата област на делување,Максути својата професионална кариера ја продолжува во Град Скопје, каде што во 2018 година е именуван за заменик секретар на Град Скопје. На 13 Јануари 2022 година е именуван за в.д. Директор на Институтот за медицина на трудот на РСМ.
Во текот на целиот овој професионален ангажман, континуирано го доусовршува своето образование и вештини со учество на обуки, семинари, конференции и студиски посети во земјата и странство. Во текот на 2013 година се стекнува со сертификат за ИПА обучувач. Истовремено, во текот на овој професионален ангажман, бил член на Управниот одбор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за токсикологија (2016 – 2017 година), како и член на Управниот одбор на Ј.П Градски Паркинг (2018-2021 година).
Контакт телефон:
Централа- 02/3110-491
Кабинет на директор- 02/2621-428
e-mail: institutzamedicinanatrudot@gmail.com