“In everything we do, WHO relies on the expertise of hundreds of formal WHO Collaborating Centres, in your countries, and thousands of the best brains in science, medicine, and public health, in your countries. They give us their time freely and it is my strong impression that they do so with pride.”
Dr Margaret Chan, Director-General, address to the Sixty-fourth World Health Assembly, 16 May 2011
Активностите на Институт за медицина на трудот на РСМ преку развојна и работна програма, се остваруваат и на национално и на меѓународно ниво.
Меѓународна соработка, Институтот ја реализира како Колаборативен центар на Светска здравствена организација –Collaborating Centre of the World Health Organization (WHO-CC) и е вклучен во Глобалната мрежа на СЗО Колаборативни центри за медицината на трудот (Global network of WHO Collaborating centers for Occupational Health).
Светска здравствена организација (СЗО) е специјализирана агенција на Обединети нации задолжена за јавното здравје во меѓународни рамки, со главна цел за „најдобро можно здравје за сите“.СЗО е формирана на 7. април 1948 година во Женева и актуелно има 194 земји-членки.
Својата главна задача, унапредување на јавното здравје ширум светот, ја реализира преку креирање стратегии, резолуции , програми и акциски планови, како и развој на водичи, стандарди и методи во различни сегменти на јавното здравје вклучително и медицината на трудот.
Што е СЗО Колаборативен центар?
СЗО Колаборативен центар е врвна институција во областа – Center of excellency, ( институт, дел од универзитетот, истражувачки центар и сл.), назначена од Генералниот директор на СЗО , за да ги спроведува активностите за поддршка на Програмите на Светска здравствена организација , во остварување на нејзините цели, на сите нивоа.
Со колаборативните центри, СЗО добива пристап до врвните институции ширум светот кои со своите институционални капацитети ја поддржуваат работата на Светска здравствена организација.Институциите пак, назначени како СЗО Колаборативни центри, добиваат поголема видливост и препознатливост од националните власти и поголемо внимание од јавноста за здравствените прашања на кои работат. Центрите, исто така, добиваат можности да работат заедно, особено на меѓународно ниво како и можности за мобилизирање дополнителни, а понекогаш и важни финансиски ресурси.
СЗО ги назначува институциите како колаборативни центри, за период од четири години, со можност за повторен избор на секои четири години. СЗО одлучува за повторен избор на СЗО Колаборативен центар, само под услов на исполнување на високите критериуми во реализација на работните планови на СЗО, зацртани како специфични активности на избраната институцијата.Тие се задолжени за јакнење на здравствените капацитети на земјите-членки во подршка на развојот на здравјето и благосостојбата.Актуелно, во светот постојат над 800 колаборативни центри во различни области на медицината во повеќе од 80 земји во светот.
Здравјето на работниците е приоритет во националните и меѓународните развојни стратешки документи „Здравје за сите 2020 -2030 и Агенда за Целите на одржлив развој“.
Според последните податоци (Март, 2022), 30 СЗО Колаборативни центри во областа на медицината на трудот, ширум светот се активни, од кои седум во Европa.
Институт за медицина на трудот на РСМ е единствена институција во Р.Северна Македонија, назначена за СЗО Колаборативен центар, за прв пат на 19. септември, 2003 година. Институтот е последен пат реизбран во 2019 , за период 2019-2023 година за Колаборативен центар.
Главна задача на нашиот СЗО Колаборативен центар за медицината на трудот е промоција и реализација на целите и програмите на СЗО, со поддршка и во соработка со СЗО -Главна Дирекција, Женева, СЗО Регионална канцеларија, Копенхаген и СЗО Канцеларија во С.Македонија.Согласно работниот план за период 2019-2023, Институтот е задолжен за следните активности:
- Да се даде поддршка на соработката со СЗО во земјите-членки во областа на медицината на трудот
- Да се придонесе во работата на СЗО во зајакнување на капацитетите на земјите, во заштита на здравјето и безбедноста при работа на здравствените работници
- Да се работи со СЗО на промоција на еколошки детерминанти на здравјето поврзани со климатските промени
Последни активности на СЗО Колаборативниот центар-Скопје
Учество и презентација на СЗО Колаборативен центар, Институт за медицина на трудот на РСМ, Скопје на Регионален состанок на европските СЗО Колаборативни центри на 2-3. Ноември, 2021
WHO COLLABORATING CENTRES
REGIONAL MEETING United action for better health in Europe 2–3 NOVEMBER 2021