Медицински сестри и акушерки и здравствениот систем
• Медицинските сестри и акушерки имаат централна улога во спроведувањето на здравствената заштита на населението- промоција, превенција, третман и рехабилитација на населението, особено во подрачјата со големи здравствени потреби, каде може да бидат единствени здравствени работници на фронт линијата за сочувување на здравјето на луѓето.
• Здравствените предизвици, како што се здравјето на мајките и децата, заразните болести (HIV/AIDS, туберкулоза и др.), незаразните болести, вклучително и менталното здравје, ургентните болести, одговор на катастрофи, епидемии, како и безбедноста на пациентите, го ставаат јакнењето на здравствената работна сила високо во националните здравствени агенди.