„Акции за зајакнување на отпорноста на здравствените работници во Југоисточна Европа како одговор на COVID-19 и понатаму“- објавена публикација и посебна вест на страницата на WHO EURO-СЗО Регионална канцеларија за Европа

На 27 септември 2022 година, на веб-страницата на СЗО ЕУРО (WHO EURO) беше објавена веста – извештај за имплементација на успешно спроведениот проект „Акции за зајакнување на отпорноста на здравствените работници во Југоисточна Европа како одговор на COVID-19 и понатаму-спроведување на упатствата на СЗО/МОТ и мапирање на приоритетните потреби за националните програмите за заштита на здравјето на здравствените работници“ во реализација  на експертската мрежа за медицина на трудот во регионот на ЈИЕ –  “ Мрежата за здравјето на работниците на Југоисточна Европа (SEE Network on Workers Health – SEENWH) во период 2021/2022 година. Проектот, поддржан од Европскиот центар за околина и здравје, СЗО Регионална канцеларија за Европа, Бон, како и СЗО Канцеларијата во Скопје,  е координиран од страна на Институтот за медицина на трудот на Р. Северна Македонија, Скопје – СЗО Колаборативен центар.

Во рамките на проектот, над 1600 здравствени работници (ЗР) од 7 земји на ЈИЕ , учествуваа на online тренинг-обуки (со подготвени тренинг пакети и комуникациски материјали на национални јазици), посветени на здравјето и безбедноста на работа, со цел за јакнење на капацитетите на ЗР во услови на пандемии (COVID-19), но и други вонредни и кризни здравствени состојби.

Ова претставува видлив доказ за напорната и заедничка работа на 7-те земји членки на SEENWH, (Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија и Турција), која се однесува на обуката за „Безбедност и здравје на работа на здравствените работници во ЈИЕ“, координирана од страна на Институтот за  медицина на трудот на Р. Северна Македонија, Скопје – СЗО Колаборативен центар.

Со големо задоволство можеме да објавиме дека извештајот е достапен како публикација на WHO/SEENWH .

Документот и веста се достапни на следниот линк:

Health and safety during COVID-19: training for health workers in south-eastern Europe

 

Оваа вест беше споделена и на веб страницата на Меѓународната организација на трудот (МОТ)- https://www.ilo.org/dyn/interosh/en/f?p=INTEROSH:1