Одбележана Европската недела за безбедност и здравје при работа 2022

Секоја година Европската недела за безбедност и здравје при работа се одбележува со цел подигнување на свеста за значењето на заштитата на здравјето и безбедноста на работните места. Оваа година во периодот од 24.- 28.10.2022 година, Министерството за труд и социјална политика, Советот за безбедност и здравје при работа и Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје, во присуство на претставници на Европска Агенција за безбедност и здрваје при работа (EU OSHA), ЕУ делегацијата во Р.С.Македонија, како и претставник на МОТ Канцеларијата во Скопје, ја одбележаа Европската недела за безбедност и здравје при работа преку организирање пригоден настан (конференција) одржана на 28.10.2022. На овој настан учествуваа претставници на ДИТ, Синдикатот, Организација на работодавачите, организации на стручни лица за БР, доктори спец. по медицина на трудот и др.

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар,  зема активно учество на овој настан преку презентација на актуелна психосоцијална штеност на работното место „Насилство на работно место“ презентирана од страна на Ас. Д-р Анета Атанасовска, со цел превенција во насока на безбедни и здрави работни места во нашата држава.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, по повод настанот, испрати клучна порака  на овогодишната Европската недела за безбедност и здравје при работа „Заедно да ја подигнеме свеста на граѓаните и компаниите за важноста на безбедноста и здравјето при работа!“

 

Линк од настанот: https://www.mtsp.gov.mk/pocetna-ns_article-trencevska-zaedno-da-ja-podigneme-svesta-na-gragjanite-i-kompaniite-za-vaznosta-na-bezbednosta-i-zdr.nspx