Опрема за спирометриско тестирање

Во рамки на бројните активности, денес Институтот за медицина на трудот промовираше опрема за спирометриско тестирање и проценка на видна состојба, донирана од Владата на Р. Словачка во рамките на проектот со Словачката агенција за меѓународна развојна соработка.

Како дел од својот развоен план, со инсталирање на нова и дополнителна опрема, Институтот за медицина на трудот го зголемува капацитетот на здравствените услуги кои се нудат во оваа здравствена установа. Во оваа прилика, сакам да изразам посебна благодарност до Словачката Влада и Амбасадорот на Р.Словачка во Скопје, г. Хенрик Маркус.