Доделување на сертификат за успешно завршен двомесечен курс “Спирометрија”

Доделување на сертификат за успешно завршен двомесечен курс “Спирометрија” со што колегата Д-р Филип Локвенец ги совлада основните елементи на изведувањето на спирометријата и интерпретацијата на добиените резултати.
Институтот за медицина на трудот ја продолжува едукативната улога со единствен интегративен пристап во областа, спроведува високо специјализирана здравствена дејност од областа на медицината на трудот, како и специјалистичко-консултативни здравствени услуги.
Институтот има добро изградени експертски капацитети за спроведување на клиничка пракса и истражување во различни сегменти (белодробни заболувања и работно место, аеробиологија, професионална експозиција и алергиски заболувања, психосоцијални фактори на работа), едукација, тренинг и специфични консултантски и советодавни услуги.
Како новина се курсевите за спирометрија и кутани алерголошки тестови наменети за матичните доктори, специјалистите по семејна медицина, но и останатите специјалности.