12 Март – Светски ден на Глаукомaтa

– Глаукомата е за заболување на окото кое го оштетува очниот нерв и може да доведе до трајно губење на видот. Глаукомата често се развива бавно и без болка па затоа многу луѓе не знаат дека ја имаат се додека видот не почне да се влошува.

– Што треба да знаат пациентите:

• Во повеќето случаи глаукомата не дава симптоми на почетокот.
• Оштетувањето на видот од глаукома не може да се врати но може да се запре ако се открие рано.
• Редовниот очен преглед е најдобриот начин за навремено откривање.

– Кој треба почесто да прави контроли:
• Лица над 40 години
• Лица кои имаат членови во семејството со глаукома
• Лица со дијабетес, висока миопија и покачен очен притисок

“ Глаукомата е позната и како ‘ Тивок убиец на видот’ – раното откривање и редовните контроли се најдобрата заштита за вашиот вид ”

Подготви:
Спец. Др. Леутрим Шаќири, Офталмолог