На 01.11.2022 година, во Клубот на пратеници во Скопје, во рамките на проектот за Промоција и унапредување на физичката активност на работното место, поддржан од СЗО Канцеларијата во Скопје, во соработка со претставници од Министерството за здравство, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, беше одржан Национален состанок за унапредување на физичката активност на работното место. Настанот беше отворен од страна на Др. Ане Јохансен, Шеф на Канцеларија на СЗО во Северна Македонија, Проф. Д-р Ленче Алексовска-Величковска, Декан на Факултетот за физичка култура, образование, спорт и здравје и Проф. Д-р Јованка Караџинска- Бислимовска, Раководител на Колаборативниот центар на СЗО при Институтот за медицина на трудот на РСМ, каде учество земаа високи претставници од Министерството за здравство, Организацијата на работодавачи, експертите од Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, експерти од областа на безбедност и здравје при работа, претставници од големи компании и претпријатија од нашата држава како Алкалоид, ЕВН, ЕуроНикел, Халк Банка и др.
Во работниот дел на настанот, говорници беа членовите од експертската група која го изработи препораки, г-ѓа Сања Саздовска, државен советник од Министерството за здравство (Национален focal point за физичка активност), д-р Драгана Бислимовска од Институтот за медицина на трудот и г-ѓа Силвија Митевска од НВО Sport Social Solutions. Г-ѓа Саздовска ја презентираше аналогијата и меѓусебната поврзаност помеѓу програмата за активно работно место и политиките на МЗ за подобрување физичка активност, а д-р Бислимовска ги презентираше придобивките за креаторите на политиките, вработените и работодавачите на усвојување програми на активно работно место. Г-ѓа Митевска детално ги презентираше подготвени препораки и пораки кои се достапни за корисниците до сите корисници.
Овој настан беше прв чекор во промовирање на иницијативата и идејата за промоција и унапредување на физичката активност на работното место.
Повеќе на линкот на МИА – Физичка активност на работно место за здраво работоспособно население: https://mia.mk/%D1%84%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0-%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%BE-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE-%D0%B7%D0%B0/