Мрежа за здравјето на работниците на Југоисточна Европа

SEE Network on Workers Health

Координатор на Мрежата: Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, Скопје, Р.С Македонија

Денес, меѓународната институционална и експертска соработка  и умрежување  се типични карактеристики  на дистрибуција на податоците и информации  за БЗР меѓу поединци, групи или институции кои делат заеднички интереси.

Мрежа за здравјето на работницитена Југоисточна Европа е меѓународна експертска  мрежа на претставници на СЗО Колаборативни центри, Институти за медицина на трудот, СЗО национални претставници и експерти за медицина на трудотод Југоисточна Европа, во соработка со СЗО Регионална канцеларија за Европа.

На иницијатива на Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, Скопје, Р.С Македонија, со поддршка на СЗО Регионална канцеларија за Европа и СЗО Канцеларија во Скопје, РС.Македонија , на 19.12.2006 година, во Скопје,  формирана е експертска мрежа за здравјето на работниците на Југоисточна Европа (ЈИЕ), со претставници на 9 земји од ЈИЕ.

Земјите членки-оснивачи на Мрежата се : Албанија, Босна и Херцеговина , Бугарска , Хрватска, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија и Турска.

Мисија на Мрежата  е :

Да се работи заедно во региононот на ЈИЕ преку меѓународна соработка

Главна цел: Да се подобри здравјето и благосостојбата на на работниците, придонесувајќи кон подобро здравје во Европа

  1. јакнење на системите, политиките и услугите на медицината на трудот
  2. градење на хумани/институционални капацитети во медицината на трудот

 Од оснивањето до денес Мрежата за здравјето на работа на ЈИЕ има одржано преку 20 редовни и повеќе тематски состаноци, на различни места во земјите од регионот на ЈИЕ.Дејноста на Мрежата се реализира низ повеќе активности , вклучително проектни задачи со фокус на темите  претставени во официјалниот документ „Bucharest Statement“ (декларација) -од 2012 година кој ги дефинира темите и прашањата кои ќе се работат, како и  обврските на секоја членка на Мрежата за одделна тема. Темите кои се предмет на интерес и активности на експертската мрежа се :  стратегии, акциски планови, водичи во областа на здравјето на работниците; организација и функција на Службите за медицина на трудот (СМТ); развој на информативниот систем-во медицината на трудот-повреди при работа, професионални болести; Азбест во работна и животна околина-изработка ма национални програми и профили на земјите за елиминирање на болестите предизвикани од азбест; едукација и стручно усовршување во медицината на трудот; здравје и безбедност на работа на вулнерабилни групи на работници; унапредување на здравјето на здравствените работници-изработка на Национални пррограми; климатските промени и здравјето на работниците и др.Повеќегодишна работа на Мрежата е и публицистички  претставена  , со „ видлив траг на сработеното“, преку објавени повеќе стручни публикации поврзани со различни но клучни теми од областа на медицината на трудот, од интерес во земјите на ЈИЕ.

Мрежата за здравјето на работниците на ЈИЕ, обезбедува  форум за размена на информации и знаења , за заеднички проекти , за образование и обуки, за истражување и учење меѓу членовите на Мрежата. Потребно е да се истакне дека членовите на Мрежата ги делат  сите работи како што се меѓучовечки односи , заедничко чувство  за идентитет, разбирање, норми, вредности, доверба, соработка и реципроцитет ( клучен механизам ).

Членовите на Мрежата ја делат истата визија- социјален капитал!

 

Една од активностите на Мрежата која е во тек ,  е новиот проект за здравјето и безбедноста на работа на здравствените работници , со поддршка на -СЗО Европски центар за за околина и здравје, Бон, Германија(WHO ECEH)

Мрежата за здравјето на работниците во ЈИЕ(SEE Network on Workers Health) како  одлична палтформа за соработка на регионално ниво е ангажирана од страната на WHO ECEH, за новиот проект „Активности за јакнење на отпорноста на ЗР во ЈИЕ во одговор на КОВИД-19 и понатаму:Спроведување на насоките на СЗО/МОТ и мапирање на приоритетните потреби за програмите за заштита на здравјето на здравствените работници.

 За Координатор на приоектот е назначен Институт за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, Скопје- координатор на Мрежата.Во проектот кој се реализира во период 2021-2022 година, учествуваат 7  земји од ЈИЕ-членки на Мрежата.

Цел на проектот е  јакнење на отпорноста на здравствените работници во ЈИЕ во одговор на COVID-19 и понатаму, како и поддршка за прифаќање на СЗО/МОТ водичот за COVID-19 и мапирање на потребите за Национална програма за заштита на здравјето на здравствените работници. Овој проект е придонес кон напорите за јакнењето на подобра заштита на здравјето и безбедноста на  здравствените работници.

Еден од продуктите на проекторт е и броќурата за оваа проиектна активност на Мрежата која е објавена на 7 национални јазици во 7 земји од ЈИЕ.

 Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар обезбеди печатење и дисеминација на брошурата на македонски, албански и англиски јазик.

Мрежа за здравјето на работниците во Југоисточна Европа

“Активности за јакнење на отпорноста на здравствените работници во ЈИЕ во одговор на КОВИД-19 и понатаму:

Спроведување на насоките на СЗО/МОТ и мапирање на приоритетните потреби за програмите за заштита на здравјето на здравствените работници”

ПРОЕКТ

2021-2022 година

ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ!

Координатор: Институт за медицина на трудот на РСМ , СЗО Колаборативен центар, Скопје. Р.С.Македонија

Со поддршка на СЗО – Европски центар за околина и здравје, Бон, Германија

СЗО канцеларија во Р.Северна Македонија