Препораки за работниците за превенција од новата корона‐вирусна инфекција

Институтот за медицина на трудот на РСМ ‐ СЗО Колаборативен Центар согласно насоките на Светската здравствена организација ги дава следните препораки за заштита на работниците чии работни активности може да ги доведат во контакт со лица заразени со новата корона‐вирусна инфекција (COVID‐19). Препораките се наменети за работниците и работодавачите.

КОГА Е НЕОПХОДНА ЗАШТИТАТА?

  • Кога работникот е во контакт со лице кое е можно да е заразено со новиот корона‐вирус (COVID‐19), мора да се осигура добра хигиена на рацете и соодветна заштита.

КАКО СЕ ПРЕНЕСУВА КОРОНА ВИРУСОТ?

• Корона‐вирусот се пренесува од едно на друго лице преку респираторните секрети, а особено преку воздушно‐капков пат. Ризикот од инфекција е најголем кога инфицираното лице кашла во околината, а можен е и директен пренос преку контакт ако со рацете се допираат површини кои се контаминирани со искашлок од инфицирано лице. Контагиозноста на новиот корона‐вирус сè уште не е целосно позната.

• Кога лицето заразено со COVID‐19 кашла, во воздухот се ослободуваат капки заразена течност. Повеќето од овие капки паѓаат на околните површини и предмети ‐ како што се масите, бироата или телефоните. Луѓето се инфицираат најчесто преку допирање на загадени површини или предмети ‐ и потоа допирање на очите, носот или устата. Ако стојат на еден метар од инфицирано лице, тие можат да се заразат со вдишување на капки кои инфицираното лице ги издишува или искашлува. Повеќето лица заразени со COVID‐19 имаат благи симптоми и закрепнуваат. Сепак, некои може да развијат посериозна форма на болеста за која е потребно болничко лекување. Ризикот од сериозни заболувања расте со возраста, луѓето над 40 години се чини дека се поранливи, а тоа важи и за луѓето со ослабен имунолошки систем и лица со хронични болести како што се дијабет, срцеви и белодробни заболувања.

ШТО МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА ИНФЕКЦИЈАТА?

ПРЕВЕНЦИЈА НА ИНФЕКЦИЈА ПРЕКУ РАЦЕТЕ:

• Одржувајте ги рацете чисти. Секогаш измијте ги рацете кога ќе пристигнете на работа, пред да јадете, пиете или пушите, како и на одење од работа.

• Најдобар начин за миење на рацете е да користите сапун и топла вода.

• Користете дезинфициенс како дополнителна мерка на претпазливост само ако не сте во можност да ги миете рацете со сапун и вода или ако немате поинакви инструкции на работното место.

• Кога користите дезинфициенс, земете доволна количина за да можете темелно да ги истриете рацете.

• Ако користите ракавици за еднократна употреба, извадете ги без да ја допирате нивната надворешна површина.

• Не допирајте ги устата и носот со заштитни нараквици или валкани раце.

• Измијте ги рацете откако ќе ги отстраните заштитните ракавици.

ИНСТРУКЦИИ ЗА ЗАШТИТА КОГА СЕ СОМНЕВАТЕ ДЕКА РАБОТИТЕ ВО БЛИЗИНА НА ИНФИЦИРАНО ЛИЦЕ:

• Должност на работодавачот е да им го гарантира здравјето на вработените при работа. Ако тоа не може да се направи со други средства, работодавачот мора да му обезбеди на работникот опрема за лична заштита, да обезбеди упатства за неговата употреба и да ја следи нејзината ефикасност.

• Заштитата од вирусите кои се пренесуваат со воздушно‐капков пат може да се изведе со употреба на респираторни заштитни маски од типот FFP2 или FFP3 кои имаат вентил за издишување. Ова се препорачува особено кога се работи во непосредна близина со некој кој имал потенцијален контакт со COVID‐19.

• За здравствените работници и соработници, при лекување на пациент со COVID‐19 инфекција, заштитата треба да опфаќа обвивка за коса, штит за лице, хируршка наметка за течноста со врзување од назад и заштитни нараквици кои достигнуваат под ракавите на облеката.

• Медицинската маска, која ги покрива устата и носот, не обезбедува доволна респираторна заштита и не штити од инфективни заболувања кои се пренесуваат во воздушен пат. Овие маски штитат од директен контакт со секрет при искашлување, а спречуваат и допир до површината на лицето.

• Инфицирана личност мора да носи медицинска маска додека се транспортира.

ШТО ДА СЕ НАПРАВИ ПРИ СОМНЕВАЊЕ ЗА КОНТАКТ СО ВИРУСОТ COVID‐19?

• Ако кашлате или кивате, правете го тоа во шамиче или ракав/подлактица. Не кашлајте во Вашите раце. Поради ризикот од инфекција, се препорачува марамчињата да се третираат како запалив мешан отпад.

• Симптомите кај заболените со коронавирус вклучуваат треска, кашлање и останување без здив. Брзата идентификација на инфекцијата е важна со цел да се спречи ширењето на болеста. Ако се сомневате дека сте биле во контакт со лице кое е можно да било заразено со ова заболување, и имате треска и респираторни симптоми во рок од 14 дена, веднаш побарајте здравствена заштита и контактирајте го соодветниот здравствен центар.

ЕДНОСТАВНИ НАЧИНИ ДА ГО СПРЕЧИТЕ ШИРЕЊЕТО НА COVID‐19 НА ВАШЕТО РАБОТНО МЕСТО

• Осигурете се дека работните места се чисти и хигиенски

• Работните површини (бироата и масите) и предметите (телефони, тастатури) треба редовно да се бришат со средства за дезинфекција (контаминацијата на работните површини е еден од главните начини на ширење COVID‐19)

ПРОМОВИРАЈТЕ РЕДОВНО И ТЕМЕЛНО МИЕЊЕ НА РАЦЕТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ, ИЗВЕДУВАЧИТЕ И КЛИЕНТИТЕ.

• Поставете уреди за дезинфекција на рацете на видни места на работното место и обезбедете нивно редовно полнење

• Промовирајте добра респираторна хигиена (хигиена при кашлање, кивање и сл.) на работното место и обезбедете соодветни постери

• Обезбедете маски за лице и/или хартиени шамивчиња за работниците кои имаат течење на носот или кашлица, заедно со затворени канти за хигиенско

отстранување на истите

• Информирајте ги вработените, изведувачите и клиентите дека доколку вирусот COVID‐19 почне да се шири на работните места, работниците со умерена кашлица или треска (37,3 Ц или повеќе) треба да останат дома

• Изработете план за тоа што да се направи ако некој вработен е сомнителен дека е инфициран со COVID‐19 (сместување на сомнителното лице во просторија или област каде што тие е изолирано од другите работници, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него и контактирање со локалните здравствени установи)

• Промовирајте работење од дома ако е можно, советувајте избегнување на јавниот превоз и престој во затворени простории со многу луѓе

ЗАШТИТЕТЕ СЕ СЕБЕСИ И ДРУГИТЕ ОД БОЛЕСТА МИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ:

• после кашлање кашлање или кивање

• кога се грижите грижите за болните болните

• пред, за време и после подготовка подготовка на храна

• пред јадење

• после одење во тоалет

• кога рацете се видливо видливо валкани