Меѓународни активности на СЗО Колаборативниот центар при Институтот за медицина на трудот на Р.Северна Македонија

Во рамките на Регионалниот комитет на СЗО Регионалната канцеларија на Европа (WHO/EURO Regional Committee), со учество на највисоки претставници од Министерства за здравство на земјите членки на СЗО Европскиот регион, во периодот од  12-14. септември 2022 година, беше организирана специјална изложба на постери – WHO CC corner’ -WHO CCs Exibition на најактивните СЗО Колаборативни центри во Европа.

Нашиот СЗО Колаборативен центар при Институтот за медицина на трудот на Р.Северна Македонија, имаше чест , како еден од поканетите, од страна на  Европскиот центар за околина и здравје, СЗО Регионална канцеларија за Европа, Бон, да ги презентира своите активности  реализирани  во периодот  септември 2021-септември 2022 година. Посебен фокус  во презентацијата беше ставен на имплементираниот проект на  Мрежата за здравјето на работниците на Југоисточна Европа (SEE Network on Workers Health – SEENWH)-  „Акции за зајакнување на отпорноста на здравствените работници во Југоисточна Европа како одговор на COVID-19 и понатаму“, координиран од страна на Институтот за  медицина на трудот на Р. Северна Македонија, Скопје – СЗО Колаборативен центар, кој е и лидер на Мрежата.

Постерот е достапен тука- FINAL- RC-WHO CC MKD IOHRNM

Повеќе на линкот: https://who.canto.global/v/I3MGDM8QLB/folder/VHVKL?display=fitView&viewIndex=0&gSortingForward=false&gOrderProp=uploadDate&from=fitView