Спроведување на обуки за “Промоција на вакцинација и Здравје и безбедност при работа” на здравствените работници и вработените од компаниите, претпријатијата и установите од различни сектори и дејности

Во рамките на проектните активности, Институтот за медицина на трудот на Р.Северна Македонија, СЗО Колаборативен центар, поддржан од Министерство за здравство и Канцеларијата на СЗО во Р.С. Македонија, организираше по втор пат оваа година  10 online обуки (преку платформата Microsoft Teams), за здравствените работници од здравствениот сектор во Северна Македонија, во периодот октомври-ноември 2022 година. Првиот циклус обуки беше одржан во периодот мај-јуни 2022 година, наменет за здравствените работници од вакциналните пунктови во нашата земја. Обуките во двата циклуса беа фокусирани на усвојување на принципите за здравјето и безбедноста при работа, како и промоција на вакцинацијата како важен фактор во системот на БЗР, специјално наменети за здравствените работници, особено во услови на пандемијата и други кризни и вонредни состојби.

Во истовреме, во рамките на овој проект, Институтот организираше  5 обуки со физичко присуство, во текот на месец ноември 2022 година, наменети за вработените од компаниите, претпријатијата и установите во различни сектори и дејности насочени кон усвојување на принципите  за здравјето и безбедноста при работа, особено во услови на пандемија и други кризни и вонредни состојби и промовирање на бенефите од  КОВИД-19 вакцинацијата.