Промовирана монографијата “Хронична опструктивна белодробна болест”. Уредник на монографијата е проф. д-р Јордан Минов

 

На 14.11.2023 год. во Деканатот на Медицинскиот факултет, УКИМ, Скопје, во рамки на обележувањето на Светскиот ден на хроничната опструктивна белодробна болест беше промовирана монографијата “Хронична опструктивна белодробна болест”. Уредник на монографијата е проф. д-р Јордан Минов, а автори се наставници и асистенти од три катедри на Медицинскиот факултет (Катедра за медицина на трудот, Катедра за интерна медицина и Катедра за семејна медицина). Автори од Институтот за медицина на трудот на РС Македонија, покрај проф. д-р Јордан Минов, се проф. д-р Сашо Столески, проф. д-р Драган Мијакоски, ас. д-р Анета Атанасовска и ас. д-р Драгана Бислимовска. Издавач на монографијата е Медицинскиот факултет и таа претставува учебник за студентите од додипломската и последипломаската настава на Медицинскиот факултет во кој се обработени повеќе аспекти на хроничната опструктивна белодробна болест, еден од најголемите јавноздравствени проблеми во современиот свет.