Објавен нов Акциски план за справување со последиците од топлотни бранови 2025-2030

Република Северна Македонија сè почесто се соочува со поекстремни климатски услови, вклучително и зачестени и поинтензивни топлотни бранови. Овие екстремни временски настани сериозно го загрозуваат јавното здравје, вклучително и здравјето на работниците.

Како одговор на овие предизвици, Владата на РСМ, во координација со Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Институтот за медицина на трудот, СЗО Колаборативен ценатар и други релевантни институции, го усвои Акцискиот план за справување со последиците од топлотните бранови во април 2025 година. Планот има за цел да овозможи брза, координирана и ефективна реакција во периодите на високи температури преку јасно дефинирани улоги, превентивни мерки и
јавни комуникациски стратегии.